Историја
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македониа. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдовски ја освои Југословенската Прва Лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил Југословенскиот шампионат. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули.6 Пати Шампиони
- 1987
- 1993
- 1994
- 1995
- 2002
- 2003
5 Пати Куп Победници
- 1993
- 1995
- 1998
- 1999
- 2007
Во летото господово 1987 на 4 јуни, во Скопје, на Градскиот стадион се играше дербито во тогашната ЈУ-лига помеѓу екипите на Вардар и Ц.Ѕвезда (3:1). На западната трибина за првпат од постоењето на клубот се забележува првиот транспарент КОМИТИ. Од тој ден па се до денес, Комитите го следат Вардар каде и да оди и против кого и да игра. Имаат гостувано во сите градови во Македонија, скоро во сите градови во поранешната СФРЈ, и во многу градови низ Европа. Комитите за време на СФРЈ беа една од подобрите тифо групи и претставуваа страв и трепет за секоја тифо група која ќе се осмелеше да пристигне во Скопје. Како си поминуваа циганите и гробарите само тие си знаат. Торцида беше тотално разбиена, а навивачите на приштина масакрирани. Red Firm на двапати пристигнаа во Скопје и секогаш без инцидент поминуваа од едноставна причина што со нив се имаше добри односи. Комити во тоа време беа далеку од Delije, Grobari, Torcida, B.B.B. Horde zla, но сепак беа рамо со рамо (ако не и подобри) од Armada, Maniacs, Red Firm... Во поранешна Југославија “КОМИТИ” остварија голем број на гостувања, а најголем впечаток оставија гостувањата во Белград и Ниш кога беа изненадени “Циганите”, а Ниш тотално демолиран.