Одличен ден беше ова за сите Вардарци, Вардар победи со 2-0, против Милано, а и ракомет со 24-31 против Амитчија.
Да почнеме со Фудбалот, по долго очекуваниот почеток на првенството дојде првата утакмица со Милано, собирно место фонтата, веќе од 12 часот убавото време навести убав ден. Со тек на време бројката полека растеше, особено изненадија момците од новата подгрупа од скопската населба Кисела Вода кои дојдоа во одлична бројка на нивната премиерна утакмица. Секако како и секогаш константни и силни беа The Club, Ukb, Тврдокорни, Ново Лисиче секако, а и другите помали подгрупи.
Тргнавме кон стадион во Кортео кое изгледаше прилично добро. Откако се сместивме на Северната трибина околу 350-400 навивачи почна лудницата. Константно навивање од 90 минути без прекин, нови песни, нови знамиња и како што кажавме нова подгрупа.
Најпрво сите ги забележаа новите знамиња кои имате можност да ги видите во нашата галерија, потоа почна одличното навивање за на крај да финишира со нова песна за делириум на Север.
Вардар играше добро, и постигна феноменален прв гол за навестување на нов, квалитетен тим оваа полусезона. По долго време насмевките кај навивачите се вратија..
На средина на првото полувреме беше истакната парола за оддавање почин на Момчило Грошев, прерано починатиот Вардарец.
Во второто полувреме навивањето продолжи да биде на највисоко можно ниво, што ги мотивираше нашите играчи да дадат уште еден гол за да почне голема прослава.
Оваа полусезона тргнавме со одлично навивање, одлична бројка(како за со Милано) и одлична игра на Вардар.
Како за шлаг на колачот беше и победата на Вардар против швајцарскиот Амитчија со 31-24, мора да истакнеме дека на тој натпревар Вардар исто така беше бодрен од Комити кои отпатуваа на тоа гостовање.
Наредна недела натпревар против Работнички, и сите на ТРИБИНА.
ЦРВЕНО- ЦРНА РЕВОЛУЦИЈА